Stevie Ray Vaughan е американски блуз музичар и еден од највлијателните гитаристи на сите времиња, рамо до рамо со легендарниот Џими Хендрикс. Oва видео е кратко потсетување на неговиот исклучителен музички талент, случајно проплетено со интересна приказна околу создавањето на една од неговите најубави песни.
Stevie Ray Vaughan е американски блуз музичар и еден од највлијателните гитаристи на сите времиња, рамо до рамо со легендарниот Џими Хендрикс.
Списанието Rolling Stone неодамна го вброи Стиви Реј Вон на 7-то место во листата на 100-те најдобри гитаристи на светот(листа линк). Неговиот звук е препознатлив и се разликува од останатите по тоа што користел дебели "13-кa" жици на своите гитари.
„Lenny“ е песна отсвирена на гитара од 1964-та година(прикажана во ова видео), посветена на неговата жена, Ленора. Наводно, Стиви видел гитара која очајно многу ја посакувал, но неможел да си дозволи да ја купи. Меѓутоа, еден негов другар и Ленора тајно му ја купиле и таа станала неговиот роденденски поклон во 1976-та. Според приказната, Ленора организирала забава во обид да собере пари за гитарата, но на крајот Стиви бил тој што џентлменски го подмирил долгот преку кожена јакна и нешто кеш пари.
Stevie Ray Vaughan – Lenny
{youtube}BEp2QLicd9Y{/youtube}
Сега сите негови гитари се во сопственост на неговиот постар брат Џими Вон, освен „Lenny“ која му беше продадена преку аукција на Ерик Клептон за повеќе од $600,000.
Стиви трагично загина во 1990 година при хеликоптерска несреќа, неколку часа по извонредниот концерт на Alpine Valley Music Theatre каде настапуваше заедно со Ерик Клептон, Бади Гај, Роберт Креј и Џими Вон. Првенствено тој требало да патува со автобус, но се ослободило едно место во хеликоптерот кое воедно испадна фатално за него и светската музичка сцена.
БОНУС: За сите оние што музицираат по дома и би сакале да ја отсвират Lenny на својата гитара, еве еден аудио фајл кој ќе ви помогне да фатите ритам.