Олсен: Мурињо го убива фудбалот

Селекторот на Данска, Мортен Олсен вели дека Жозе Мурињо и неговите дефанзивни тактики се опасност за фудбалот.„Специјалниот“ беше критикуван за пристапот на Челзи на гостувањето кај Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите и дуелот против Ливерпул на Енфилд, каде ’Сините’ одиграа затворено и се бранеа со сите фудбалери.

Многумина му замерија на Жозе Мурињо за дефанзивниот пристап, го обвинуваа дека ’пред голот го паркирал автобусот’.

Слекторот на Данска, Мортен Олсен верува дека ваквите тактики на менаџерот на Челзи се опасни, и можат да го убијат фудбалот.

„Во мојот свет, Мурињо е опасност за фудбалот” – вели 64 годишниот стратег.

„Доколку многумина се обидат да го копираат неговиот стил, тогаш фудбалот ќе умре”.

„Замислете како ќе биде доколку сите играат како Мурињо. Сигурно ќе биде досадно, и јас тогаш нема да ги гледам натпреварите”.

„Наместо фудбал ќе одберам добар филм или ќе одам на прошетка во шумата”.

„Доколку ми се укаже шанса, би можел да играм сосема поинаку со Челзи,”.

„Но Мурињо е способен да игра само дефанзивно. Клубот потроши толку многу пари на добри играчи. По ѓаволите, употреби ги!”

По поразот од Атлетико на Стемфорд Бриџ и елиминацијата од Лигата на Шампионите, Еден Азар се пожали на тактиката на Жозе Мурињо, и рече дека овој тим на Челзи не е направен за да игра фудбал.

„Во ред е да играте со калкулирање. Понекогаш и јас сакам да имам шанса да играм на контри, но морате да имате план како да играте кога напаѓате. Таков план има Гвардиола. Исто така и ние имаме со репрезентацијата, но Мурињо го нема”.

„Тој целосно се потпира на нафрлените топки од прекините, и потоа се надева дека Азар и Вилиан сами ќе сторат нешто”.

„Можам да ги разберам коментарите на Азар и критиките за начинот на кој Челзи игра”.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -