Олимпиското знаме беше погрешно наместено


Свеченото отворање беше расипано пред се од постојаниот дожд кој паѓаше речиси цело време во текот на четиричасовната програма, но имаше и многу грешки на организаторите.

На социјалните мрежи вирално стана видео од моментот кога олимпиското знаме беше подигнато на јарболот.

Ништо не би било необично ако не беше подигнато – наопаку! Инаку, на церемонијата на Сена продефилираа 85 чамци со околу 7.000 спортисти од 205 земји, меѓу кои беше и македонската делегација.

- Реклама -