Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула


На точно 50 дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз, организаторите ги поставија олимписките кругови на Ајфеловата кула.

Структурата со димензии 29 на 13 метри, изработена од рециклиран челик, беше поставена на јужната страна на најпознатиот париски симбол од 30 работници со четири кранови.

Ајфеловата кула ќе биде една од етапите на Олимписките игри, натпреварите во одбојка на плажа ќе се одржуваат под „Железната дама“.

Како дел од медалите за Париз 2024 година биле користени и парчиња челик земени од минатите реновирање на Ајфеловата кула, кои со години се чувале во магацин чија локација е тајна.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

- Реклама -