Олимписка тортура

Повеќе... Во оваа моќна кампања на Amnesty International олимписките спортски дисциплини се прикажани како техники за тортура. Ова е очигледна критика на кршењето на човековите права од страна на Кина.

Во оваа моќна кампања на Amnesty International олимписките спортски дисциплини се прикажани како техники за тортура. Ова е очигледна критика на кршењето на човековите права од страна на Кина.

Целта на кампањата е да не потсети дека „После Олимписките Игри, борбата за човековите права мора да продолжи“. Кампањата е креирана од TBWA маркентингшка агенција од Париз, уметнички директор-Philippe Taroux, а фотографијата е на Marc Gouby. 

swimming.jpg
aiweight.jpg
aiarchery.jpg
Според  Amnesty International во Кина во голема мера се прекршуваат човечките права како замја што извршува најмногу смртни казни во светот (преку 10.00 годишно), каде повеќе од 250.000 луѓе работат во казнени кампови врз основа на лабави обвиненија и без воопшто да биле судени, без да имаат адвокат или било каква правна заштита,тортурата е ендемична во Кина и луѓето кои поминуваат низ казнениот систем поминуваат низ најразлични сурови и крајно деградирачки и нечовечки облици на тортура,илјадници луѓе секоја година се затворани и казнувани заради практикувањето на мирољубив начин да се борат за своите права за слобода на говорот и религиски убедувања.  
Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо
- Реклама -