Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАДА), Џон Фахи, во пресрет на почетокот на Игрите во Лондон откри дека повеќе од 100 олимпијци нема да учествуваат затоа што е откриено дека користеле допинг.
Од средината на јуни, кога почнале допинг – тестовите за олимпијците, дури 107 од нив се покажале како позитивни на одредени стимулативни средства.
„Задоволство ми е да потврдам дека тие спортисти нема да учествуваат на Олимписките игри во Лондон. Шансите оваа година тие што сакаат да ја излажат светската јавност и да се натпреваруваат под дејство на допинг се исклучително минимални. Да се надеваме дека и воопшто ќе ги нема“ изјави Џон Фахи.