Олимпијадата во Лондон под закана од Ал Каеда

Терористичката организација Ал Каеда, според наводите на британскaтa тајнa службa МИ5 планираат барем еден авион кој од САД ќе полета кон Лондон за ЛОИ 2012 да биде срушен.

Но, тајната служба на Англија успеала да го спречи овој план уште пред да се реализира, иако не се исклучуваат можностите и за нови терористички планови со кои Ал Каеда ќе се обиде да ги уништи игрите во Лондон.

„Олимписките игри ќе бидат во центарот на светското внимание наредните месец и пол дена па сигурно претставуваат примамлива мета за нашите непријатели. Но, Игрите не се лесна мета, а фактот дека откривме повеќе терористички завери овде, но и во странство изминатите години доволно зборува дека Велика Британија е подготвена за безбедни Игри“ изјави генералниот директор на агенцијата МИ5, Џонатан Еванс.

- Реклама -