Креаторката Олгица Ѓоргиева на модниот викенд во Скопје ја претстави колекцијата “Liberation”, која според коментарите на посетителите на ревијата е вистинско освежување на македонската модна сцена.
Инспирирана од слободата, движењето и летот, Ѓоргиева користејќи стилизирани и дезенирани материјали, свила, чипка и жоржет се претстави со прекрасно изработени и дизајнирани парчиња облека.
Во целата колекција доминираат нежни и софистицирани креации, кои ја претставуваат денешната современа, модерна и урбана жена.