Остануваат само уште 4 и пол недели до крајот на светот, што е претскажано со завршувањето на календарот на Маите. Дикембе Мутомбо, во соработка со Old Spice, има точно толку време за да исклеса уште датуми во овој календар и да нѐ спаси!
Ако ви е здодевно и сакате да потрошите малку време, тогаш едноставно мора да ја пробате играта која е создадена како дел од најновата рекламна кампања на Old Spice, во која главната улога ја има кој друг, ако не легендарниот Дикембе Мутомбо. За да почнете да играте, кликнете тука.