Октолигња:Половина октопод – половина лигња

480_octosquid_pЗасега непознат вид животно, за кои научниците сметаат дека е половина
лигња половина октопод, било пронајдено во цевководот во Кихол Поинт на
Хаваите, јавуваат американските медиуми.


Засега непознат вид животно, за кои научниците сметаат дека е половина лигња половина октопод, било пронајдено во цевководот во Кихол Поинт на Хаваите, јавуваат американските медиуми.

480_octosquid

Новиот вид не е идентификуван и затоа не се знае дали навистина станува збор за ново морско животно.
„Октолигња“ била пронајдена во еден цевковод, долг еден километар, што носи ладна морска вода за потребите на лабораторијата.

– Кого прв пат ја видов бев воодушевен зашто беше жива. Никогаш досега немам видено такво нешто – вели Јан Вар од лабораторијата.

Според океанографот Ричард Јанг, таа му припаѓа на родот Мастиготеутис, но точниот вид не е се' уште утврден.

Вар ја нарекол „октолигња“ поради нејзиниот изглед. Таа е долга околу 30 сантиметри, има осум крака, глава на октопод и тело на лигња.

виа.

- Реклама -