Околу 40 проценти од украинската елекетрична мрежа е вон функција

Фото (ЕПА, 29 ноември 2022): Жена чека автобус додека е исклучена струјата во Киев

Речиси половина од електричната мрежа во Украина и денеска останува во прекин, една недела по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти приватниот оператор ДТЕК, нагласувајќи дека десетици работници се убиени или повредени.

„Русија уништи 40 отсто од украинскиот енергетски систем со терористички ракетни напади. Десетици работници загинаа и се повредени“, се наведува во соопштението на ДТЕК на Телеграм, во кое се додава дека електричарите прават напори да ги санираат дефектите.

Русија во октомври почна да ги таргетира украинските енергетски капацитети. Предизвикана е голема штета на мрежата и милиони Украинци секојдневно се соочуваат со недостиг на електрична енергија.

Градоначалникот на главниот град, Киев – Виталиј Кличко, денеска ги предупреди Украинците дека, поради руските гранатирања, во дадени околности, градот може да остане без греење сѐ до пролет.

Прочитајте и:  Шојгу: Русија нема да преговара со Киев се додека не ги протера терористите од Курскиот регион

Извор: МИА

- Реклама -