ОН: Околу 1.7 милион луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија

Виена, 7 март 2022 (МИА) – Околу 1,7 милион луѓе ја имаат напуштено Украина од почетокот на руската инвазија, покажуваат последните бројки на агенцијата на бегалци на ОН, УНХЦР.

Во само еден ден, оваа бројка е зголемена за 200 илјади луѓе.

Милиони луѓе се очекува дека ќе ја напуштат земјата во следните денови „освен доколу нема итен прекин на овој бесмислен конфликт“, објави организацијата на Твитер.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји
- Реклама -