ОИ: Американците лесно до првото место во групата на кошаркарскиот турнир


Машката кошаркарска репрезентација на САД оствари нова убедлива победа совладувајќи го Јужен Судан со 103:86 во второто коло од групата Ц, со што на тимот на Стив Кер обезбеди пласман во четвртфиналето од првото место пред последното коло.

Кер ја подели минутажата, па само Девин Букер мина повеќе од 22 минути во игра. Бам Адебајо ги предводеше стрелците со 18 поени и седум скока. Кевин Дурент постигна 14 поени, Ентони Едвардс 13, а Леброн Џејмс 12. Репрезентативецот на Јужен Судан, Нуни Омот беше најдобар стрелец на натпреварот со 24 поени.

Во последното коло Американците ќе играат против Порторико, а на Србија, која во средата ги совлада Порториканците со 107:66, ѝ претстои дуел против Јужен Судан за второто место во групата.

- Реклама -