Ограбувач со маска од Црвен Череп спречен од еврејски цивили

Ноќта на вештерките се ближи, и со тоа и маските. А за една банка во Бруклин, маските значат криминал.

Човек со маска од црвен череп украл 8000 долари, пред да биде уапсен од група Ортодоксни Евреи. Според NY Post, 20 годишниот Кевин Крофорд влегол во банката во средата и побарал 4000 долари од благајникот, по што добил двојно повеќе.

Тој избегал од банката на набрзо потоа бил спречен од група доброволци од групата Borough Park Shomrim, кои го задржале Крофорд додека да пристигне полицијата. Шомрим организациите се невооружени цивилни патроли кои оперираат во населбите во кои живеат Ортодоксни Евреи и спречуваат грабежи, вандализам, напади и антисемитизам.

Прашање е само дали Крафорд намерно ја одбрал маската во чест на Нацистичкиот непријател на Капетан Америка, или само мислел дека е застрашувачка. Во секој случај, интересно е да се види Црвен Череп да биде спречен од група Еврејски цивили.

- Реклама -