Неколку компјутери и лични предмети со вкупна вредност од над 60.000 долари биле украдени од домот на Стив Џобс во северна Калифорнија.
Јавниот обвинител на Областа Санта Клара, Скот Тсуи, за кражбата изјавил „Нкогаш не сум добил олку многу повици. Покрај фактот што се работи за домот на Стив Џобс ова е стандардна кражба.“
Карием Мекфарлин од Аламида бил уапсен на 2 август и обвинет со обивање на дом и продавање на украдени предмети. Тој останува во притвор со кауција одредена на 500.000 долари очекувајќи судење на 20 август.
Властите веруваат дека Мекфарлин не бил свесен дека домот кој го ограбува му припаѓал на Џобс. „Претпоставувам дека осомничениот сфатил по некое време во чија куќе провалил, но од надвор се гледа само уште една куќа во Пало Алто“ изјавил Тсуи.
Полицијата на Пало Алто пријавила раст во бројот на кражби во 2012 година со над сто ограбени домави во шест месеци. Џобс бил познат по неговиот скромен живот, полицијата се сомнева дека неговиот дом бил ограбен бидејќи бил во процес на реновирање и не бил соодветно обезбеден.
Тие веруваат дека во домот немало никој за време на кражбата „Колку што знаеме ниеден од украдените предмети не е специјален или различен од оние во другите кражби. Компјутерите, штом се во домот на господин Џобс, се најверојатно од Apple“ додал Тсуи. [Steve Jobs’ Palo Alto home burglarized]