Еден бордел во Берлин објави оглас за работа во кој бара „тестер на проститутки“. Се очекува среќниот кандидат индивидуално да го оценува квалитетот, чистотијата/хигиената и безбедноста на сексот со секоја од сексуалните работнички.
Во огласот на германскиот секс-вебсајт KaufMich.com се вели: „Неопходно е практично искуство со многугодишни посети на борделите. Мора да уживате во тоа да се забавувате со луѓе и не смеете да се плашите од контакт“.
Борделот се претставува како „интернационална компанија со преку 120 вработени“, па претпоставуваме дека нема да им пречи и ако конкурира некој Македонец. Од вас се бара да имате диплома (по можност од областа на бизнисот), искуство со бордели и сертификат кој ќе потврди дека сте чисти од било какви заразни болести.
Па, го имате ли она што е потребно?