Оглас за експедиција на Јужен пол (ФОТО)

Ернест Хенри Шаклтон бил поларен истражувач и авантурист кој предводел три британски експедиции до Антарктикот.

Шаклтон се смета за една од клучните фигури во периодот познат како „Херојска ера на антарктичкото истражување“.

Огласов во продолжение му се припишува токму на Шаклтон, објавен пред една од тие негови експедиции. Многумина го сметаат за еден од најдобрите, ако не и најдобриот оглас во историјата.

Еве зошто. Пишува вака:

„Се бараат мажи,
за ризично патување, со мали плати, екстремен студ, долги месеци во комплетен мрак, нон-стоп опасност, безбедно враќање под знак прашање, чест и признанија во случај на успех“.

- Реклама -