Официјални претставници на Европската комисија се степаа на хуманитарен натпревар

yoga

Двајца официјални претставници на Европската комисија се степаа во текот на хуманитарниот фудбалски натпревар од турнирот „Шумановиот трофеј“, кој ЕК го организира веќе 20 години и на кој учествуваат тимови од секој од директоратите. Работата се искомплицира кога еден од играчите доби црвен картон за агресивно однесување.

„Видов дека постои некој проблем меѓу играчите“, рече Марко Пинкароне, капитенот на секторот за истражување и развој. „Почнаа да се туркаат, а како поминуваа минутите, стануваше сé полошо, сé додека еден од нив не заврши на подот. Натпреварот беше прекинат штом забележаа дека играчот е повреден“.

Повредениот „играч“ беше однесен во болница, каде што му е констатирано дека има контузија. Еден од присутните потврди дека натпреварот бил многу „борбен“, и дека играчите се нарекувале со погрдни имиња, како француското „putain” (курва).

Колегите на степаните се сомневаат дека конфликтот трае од порано, но сеедно, „таквото однесување е потполно неприфатливо, без оглед дали се работи за судир на работа или вон работното место“. Мечот се одигра на 21 мај, а сега е покрената и интерна истрага.

politico.eu

- Реклама -