Мартен Стекелнбург од Рома се сели во Фулам за трансфер вреден 5,6 милиони евра.
Она што се шпекулираше подолго време, вчера и официјално се случи, Стекеленбург потпиша четири годишен договор со Фулам.
„Среќен сум што доаѓам во Фулам и што рано го решив ова прашање па сега можам да се фокусирам само на подготовките за следната сезона во Премиерлигата” – изјави Стекеленбург за официјалниот сајт на Фулам.
Стекеленбург уште во јануари требаше да се пресели на Кревин Котиџ, но тогаш Рома го блокираше трансферот откако не најде соодветна замена.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал