Официјално: Масимо Амбросини го напушта Милан

Милан потврди дека Масимо Амбросини ќе го напушти Сан Сиро ова лето, нов капитен на тимот ќе биде Рикардо Монтоливо.

36-годишниот Амбросини кој цели 18 години беше дел од Милан, заминува од клубот.

„Нашиот пат и патот на Амбросини се разделуваат, тој нема да го продолжи неговиот договор со Милан” – изјави Адриано Галијани.

Иако во клубот дојде пред само една година, Монтоливо ќе биде следниот капитен на Милан.

„Доколку Кристијан Абиати се сложи, следниот капитен на Милан ќе биде Монтоливо”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -