Официјално: Кака е нов фудбалер на Милан

Милан потврди дека постигнале договор со Реал Мадрид за трансфер на Кака, Бразилецот потпишува две годишен договор.

Утринава Милан преку својот официјален веб сајт го потврди трансферот на Кака.

Бразилскиот фудбалер како слободен агент пристигнува на Сан Сиро и ќе потпише две годишен договор со Милан.

31-годишниот фудбалер ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Кака од 2003 до 2009 година го носеше дресот на Милан, по што се пресели во Реал Мадрид каде што никогаш не успеа да ја повтори формата во која играше за Росоњерите.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -