Името на овој кревет е Bird’s Nest Bed – во превод – гнездо. И тој изгледа токму така.
Чудниот мебел е замислен како спојување на мебел и забава. Од компанијата производител – OGE, посочуваат дека тој е удобно и мека. Гнездото, изработено од дрво, е полно со елипсести перничиња кои овозможуваат различни конфигурации.
Креветот е достапен во различни големини – од мали за 2-3 луѓе до поголема верзија со дијаметар 4,50 м, во која можат да седнат до 16 лица.
Тоа е идеално место за одмор, сурфање на интернет, читање, релаксација, семејни средби. па и секс, посочуваат производителите.
Нам ни е екстремно откачен. Ви се допаѓа ли?