Одмазда: му ја качила колата на зграда!

На Ванг Кин од Кина, како што самата објаснува, и дошло преку глава од лагите на нејзиниот зет и изговорите да и го врати земениот заем, па решила да се одмазди на свој начин.

Имено, зетот позајмил речиси половина милион јуани (87.000 долари) за да инвестира во неговиот бизнис, а како гаранција и го оставил своето ново Ауди А6. Откако во една прилика, Ванг го фатила подмолниот зет како се прикрадува околу колата, со цел да си ја украде назад, изнајмила кран за да ја пренесе на помалку достапно место. А што би било подобро од нејзината сопствена тераса, ако се знае дека живее во зграда?

f295ffee-64c5-4bb4-ad03-3616b6311397_rexfeatures_3048201b

original

- Реклама -