Откако се случи брутален напад и убиството на 12 лица во Франција, светот го осуди овој монстуозен чин на разни начини: со говор, со протест, со апел, со солзи…
Прочитај повеќе: Погледнете ги карикатурите од Мухамед поради кои денес загинаа 12 луѓе
Глас против случувањата кренаа и карикатуристите од целиот свет, кои на свој начин остро го осудија нехуманиот масакар врз новинарите на француското издание „Шарли Ебдо”.
Францускиот сатиричен неделник „Charlie Hebdo“, во чие седиште беа убиени најмалку 12 луѓе во терористички напад, познат е по карикатурите на муслиманските лидери, но и папата и шефови на држави или влади.