Францускиот сатиричен неделник „Charlie Hebdo“, во чие седиште денес беа убиени најмалку 12 луѓе во терористички напад, познат е по карикатурите на муслиманските лидери, но и папата и шефови на држави или влади.
Иако екстремистичката исламска држава неодамна се закани на Франција со напади, магазинот петнаесет минути пред пукотницата преку Твитер објави карикатура од лидерот на Иламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.
На листата на редакцијата во 2011 година била фрлена запалива бомба, по објавувањето на бројот под наслов „Charlie Hebdo“, со „Мухамед како главен и одговорен уредник“. Тоа не било ниту прв ниту последен пат малотиражниот магазин да го исмева пророкот.
Една година подоцна, во септември 2012 година, магазинот објавил уште карикатури од Мухамед, меѓу кои и онаа на која пророкот гол и во порнографски или понижувачки пози, во време насилните протести во неколку земји поради филмот „Невиност на муслиманите“, снимен во САД, во кој Мухамед е исмејуван.
Во тоа време, француските училишта, дипломатските претставништва и културните центри во 20 муслимански земји биле привремено затворени од страв од одмазда, а уредникот на магазинот Стефан Шарбоње добил мноштво смртни закани и од тогаш е под полициска заштита.
Француските власти застанаа во одбрана на листата од критика, но сепак го осудиле поради поттикнување на тензии.
„Ние се однесуваме новинарски. Некои користат камери, некои компјутери, а ние молив и хартија“, рекол во 2012 година карикатуристот Луз. „Моливот не е оружје, туку начин на изразување“.
Шарбоње исот така ги бранел карикатурите на Мухамед.
„Мухамед за мене не е светец“, рекол тој пред две години. „Не ги обвинувам муслиманите што не се смеат на нашите цртежи. Но, јас живеам според францускиот закон, а не според Куранот.“
Исламот не била единствената мета на исмејување на магазинот. На насловната страница се појави и папата Бенедик XVI во љубовна прегратка со припадник на швајцарската стража, која го чува Ватикан; поранешниот француски претседател Никола Саркози, прикажан како вампир; како и Евреин кој бакнува нацистички војник.