Ако се уште не сте одбрале облека за божиќната забава оваа година, не заборавајте дека малиот фустан од чипка е исклучително актуелен оваа сезона. Чипката е материјл кој присуствуваше долго во умовите и имагинацијата на дизајнерите од неколку сезони, па наваму.
Ваквите фустани се стилски, практични и даваат исклучителен акцент. Ако целосно чипканиот фустан не ви е по вкусот, малку чипка на одредени места би било совршен детал.
Насочете се кон фустан со чипка на ракавите, во комбинација со високи чевли и интересни обетки. Фустаните со чипка во горниот дел исто така се прекрасни, а малку чипка во средината создава впечаток на тенка половина.