Од утре во Србија само со негативен ПЦР тест, и тоа не постар од два дена

Почнувајќи од утре, странците од одредени земји, за да можат да влезат во Србија, ќе мора да прикажат негативен ПЦР тест, одлучи српскиот Кризен штаб.

Одлуката се однесува на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за „РТС“ епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ. Тестот не треба да е постар од 48 часа, кои започнуваат да истекуваат од моментот на издавање на лабораторискиот сертификат.

Од одлуката се изземени српските државјани од овие земји. Одлучено е и да се укинат рестрикциите за граѓаните на Црна Гора. Сите наведени мерки стапуваат во сила од утре.

Одлуката е донесена врз основа на проценките на актуелните епидемиолошки ситуации и трендови на зараза кои се регистрирани во последните неколку дена, објасни Тепавчевиќ.

Прочитајте и:  Вучиќ: Србија и Русија се договорија за заедничкo одбележување на ослободувањето на Белград

Таа истакна дека во моментов ситуацијата со Ковид-19 во Србија е поволна и дека една по една се гасат ковид-болниците, а тој тренд сакаат да продолжи. Потсети дека набрзо следува почетокот на учебната година и поаѓањето во училиште, но паралелно и сезоната на респираторни инфекции, и поради тоа е потребно да се преземат сите мерки за намалување на заразата во Србија.

- Реклама -