Од типот „Како не ми текна мене?!“

Некои од дизајниве се толку брилијантни, но во исто време и едноставни, што ќе си помислите „Како не ми текна порано?! Ќе направев пари од ова.“

Ви нудиме преглед на неколку нови креативни производи со кои животот би бил позабавен.

Дуксерки со перница

d1

Внатре во дуксерот има мала перница на дување. Можете да ја “напумпате” и да се одморите речиси секаде.

Упорен аларм

d2

Овој часовник нема да престане да ѕвони додека не застанете врз него со двете нозе.

Светилка-книга

d3

Безжичната книга што свети можете да ја вклучите или исклучите со отворање и затворање на книгата. Може да се користи прикачена на ѕид или како столна ламба.

Чевли што ја менуваат бојата

d4

На овие чевли можете да ја смените бојата и ја ставите било која слика на главната површина. Паметните чевли не треба да се полнат.

Удобен кревет за човек и милениче

d5

d5a

Овој кревет ќе им обезбеди здраво и удобно спиење и на двајцата.

За да не капе на масата

d6

Миленичиња авантуристи

d7

Во торбата за патување за миленици постои мал прозорец со цел на миленичето да не му е досадно по пат и да ужива во глетката.

Вреќа за спиење “мечка”

d8 d8a

Јапонскиот уметник Еико Ишизава смисли вреќа за спиење во форма на кафеава мечка, во зимски сон.

„Добра вожња“ и за двајцата

d9

За кул татковци што знаат да уживаат во родителството.

Полнач за работна температура на пијалоци

d10

Користи температурна разлика за конверзија на топлинска енергија во електрична енергија. Таа има две страни – сина и црвена боја – за топли и ладни пијалоци, соодветно.

Маса, ќебе и грејач

d11

Ниска дрвена рамка на маса, покриена со јапонски душек, или тешко ќебе. Под ќебето струи извор на топлина, често вграден во самата маса.

Селотејп што лесно се одлепува

d12

Повеќе не ни се потребни ножици и ножеви – повлечете го конецот и самолепливата лента се отстранува за миг.

- Реклама -