Сликањето со кафе станува се популарно, но индонезискиот уметник Гидак ал – Низар, смислил поинаков пристап кон овој вид на уметност.
Тој слика лисја, така што користи талог од остатокот од утринско кафе. Неговото мото е „ништо не се фрла“, и тоа го применува во својата работа.
Гидак се труди да го искористи секое зрно кафе кое ќе преостане, а исто така креира и уметност на ѕидовите, чиниите и столчињата, нормално, користејќи само кафе.