Верувале или не, но домот кој ви го прикажуваме подолу е буквално изработен, уреден и декориран само од една личност. Американката по име Џина е зависна од таканаречените „направи сам“ проекти, и најголемиот дел од своето време го троши на константно дизајнирање на ентериерот. Со ваквата посветеност таа за минимални пари и со преработка на стари оскудни материјали успеала да го претвори нејзиниот дом во идилична колиба која од ден во ден станува се поубава. Погледнете дел од нејзините рачни изработки кои несомнено ќе ве инспирираат.