Од стара гума, до кревет за миленичето

Ова е една одлична идеја да заштедите пари, да ја зачувате околината и да го усреќите вашето милениче.Овој мал домашен проект не бара многу, а материјалот веројатно го имате дома.

Што ви е потребно?

1. Гума од автомобил или мотор

2. Боја (нијанса по избор)

3. Дебела четка

4. Перница.

Изберете боја со која ќе сакате да го офарбате креветчето, а која што се вклопува во вашиот ентериер во домот. Нанесете боја со четката и оставете добро да се исуши.

Во „дупката“ на гумата сместете ја меката перница. Исто така, намето перница може да послужи и дебело ќебе.

guma1_1411377946

- Реклама -