Од што се плаши Стивен Хокинг?

hawking[1]

Во неодамнешно интервју со Лери Кинг, познатиот теоретски физичар рече дека во текот на минатата декада, ние луѓето „дефинитивно не станавме помалку алчни или помалку глупави“, од аспект на тоа како ја третираме животната средина.

Додаде и дека популационите бумови се барем делумно виновни за состојбата во нашиот природен свет – и дека тоа го истакнува веќе некое време.

„Пред 6 години, предупредував околу популацијата и пренаселеноста“, рече Хокинг. „Оттогаш, и двете се влошени“.

„Со ова темпо, глобалната популација ќе биде 11 милијарди до 2100 година. Загаденоста на воздухот се зголеми за 8% во последните 5 години. Ќе биде ли предоцна да ги избегнеме опасните нивоа на глобално загревање?“

Растот на популацијата и загадувањето не се единствените на листата на најголеми закани на Стивен Хокинг. Физичарот исто така ја истакна и трката на глобалните влади во вооружување со вештачка интелигенција, како и приоритетите што се огледуваат во неа.

Прочитајте и:  Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе

„Се чини дека владите се во трка со вооружување со вештачка интелигенција, дизајнирајќи авиони и оружја со интелигентни технологии. Фундирањето на проектите кои се директно во корист на човечката раса, како напредниот медицински скрининг, се чини дека им е од помал приоритет“.

Хокинг е загрижен и за иднината на вештачката интелигенција, особено за нашата способност да ја контролираме.

„Не мислам дека напредокот во вештачката технологија ќе биде безопасен по секоја цена. Штом машините ја достигнат критичната фаза да можат самостојно да еволуираат, не можеме да предвидиме дали нивните цели ќе бидат исти со нашите“.

- Реклама -