Во меѓувреме, во Сплит, непознат среќник си го поминува денот одлепувајќи женски влошки. Фоткиве се вртат по хрватските социјални мрежи, без дополнително инфо околу тоа што е мотивот.
Некои шпекулираа дека веројатно е одмазда, и дека сопственикот забременил некоја што не требало (па веќе не ѝ требаат влошки); а со ова или таа „некоја“ сака да му ја соопшти веста, или жена му сака да му соопшти дека дознала.
Сепак, судејќи според коментарот на еден сопственик чиј автомобил претходно го снашла иста ваква судбина, се работи за роденденска шега инспирирана од post it пранковите на интернет (оние кога цела канцеларија ќе ти ја исполепат со самолепливи белешки со „Среќен роденден“). Што не значи дека „не боли“:
„Одлепувањето на тие посрани влошки ме кошташе цела црата, им е*ам матер, колку силно лепеше…“