Сите лекари ги признаваат придобивките на доењето пред вештачките замени на мајчиното млеко.
Сепак, постојат луѓе кои ги осудуваат жените што дојат на јавно место, со изговор дека прават да се почувствуваат непријатно кога ќе се најдат во таква средина. Оваа тема со години подлежи на разни дебати на интернет или во друштво, па затоа решивме да побараме неколку мислења, овој пат, од перспектива на мажите кои живеат во странство и во Македонија.
„Тука доењето е секаде дозволено. Всушност, што значи „дозволено”? Зарем има земја во светот каде што е забрането? Се сомневам, едноставно сé се сведува на менталитетот на локалното население. Како и да е, сакам да кажам дека во Сиднеј каде и да се свртиш, ќе видиш барем неколку доилки – во воз, во парк, на плажа, дури во канцеларијата. Исто би додал дека во Австралија повеќето жени кои се враќаат на работа по породилното, работат со половина скратено време. За да се чувствуваат максимално удобно сепак, голем број фирми почнаа да отвораат занимални за децата, па мајките да не бидат далеку од своето дете во поголемиот дел од денот. Односно, во овој 4-часовен работен ден, таа има можност да отиде и да го нахрани “Рис, 28, Австралија
„Во мојата улога на „тазе“ горд татко, моето мислење можеби се разликува малку или многу од она на останатите мажи. Јас мислам дека како родители, ние сме должни да им обезбедиме на нашите деца најдобар почеток во животот. Без разлика дали ни се допаѓа или не, истиот започнува со мајчиното млеко. Сепак, не мислите ли дека е малку лицемерно да се стремите кон поздрав начин на живот секојдневно, да барате био производи, а за да гледате на најприродното нешто на светот со одвратност? Дечки, нека не ве лажат дека после таа глетка ќе гледате на женските гради како на бебешка кујна. Кога жена ми се породи, само ми се зголемија перцепциите“ Патрик, 41, Австралија
„ Воопшто не ми пречи. Доењето е природен процес и верувам дека сите ние треба да го прифатиме како таков“, Филип 29, Македонија
„ Знам дека не треба, ама кога некоја жена ќе застане спроти мене да дои, ми паѓа непријатно и се повлекувам. Не верувам дека тоа е до менталитетот, едноставно може барем да ги покрие градите додека го прави тоа“, Марко 25, Македонија.
Мажи, кој е вашиот став на оваа тема?