Дали некогаш сте се запрашале од се појавила идејата за зеленото човече на Google? Креаторот на созданието се вика Ирина Блок, но тешко ќе најдете информации за неа. Токму таа е личноста која го нацртала логото во неговата сегашна форма.
Идејата се појавила пред околу три години , кога Блок и нејзиниот дизајнерски тим во Google добиле задача да изработат лого за Android. ” Нешто “требало веднаш да се поврза со потенцијалните клиенти и да е лесно за препознавање.
Покрај овие карактеристики, на Блок и било кажано дека логото треба да содржи и робот. По темелно истражување на сите видови научно – фантастични играчки, таа добива инспирација од јавно WC. На крајот на краиштата , секој знае дека истакнатите знаци за машки / женски тоалет се лесно препознатливи. И ете тука е вклучен и робот – во форма слична на табличките во јавните тоалети.
Интересен е фактот дека логото е ” отворено ” за преработка и надградба. Па , додека останатите големи компании се трудат да ги задржат своите препознатливи симболи Google имаат друга стратегија :
„Сметавме дека треба да е лого, изградено во соработка кое може да биде подобрено од секој “, вели Блок . “Тоа беше доста дрско . ”
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk