Инстаграмџиите знаат, кога и да посакаш да си го замразиш животот и инстантно да почнеш да се самосожалуваш, одиш на Rich Kids of Instagram. А таму, главно дечурлана се цепа со приватни авиони, јахти, бесни коли, злато, купишта пари, накит, понекогаш оружје, и секако, женски.
Едно време оживеа и Рич кидс оф Скопје, ама за волја на вистината, изгледаше како Рич кидс верзија за сиромашни. Веројатно не беше доволно престижно, па имаше малку слики и набрзо згасна.
Во меѓувреме, Rich Kids of Tirana растура. Профилот има над 17.5 илјади следачи, и скоро 1.000 постови. За волја на вистината, и тиранските млади богаташи не можат да се пофалат со многу јахти и приватни авиони, ама па затоа има многу Мерцедеси и кеш. А да, и троа повеќе знамиња. А најдовме и стружанец.