Од 1 март намалени цени за паркирање во Скопје

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денеска донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март 2022 година.

Со оваа одлука, како што соопшти Град Скопје, се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“ и тоа во зона А0 од 100 на 75 денари за еден час, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д од 30 на 25 денари за 1 час.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -