Добро е позната фразата која вели дека очите се огледало на душата, но во реалноста, уште поточно е дека тие можат да бидат и аларм на вашата здравствена состојба.
“Очите се огледало на човековиот организам и обезбедуваат рано предупредување за многу здравствени проблеми. Луѓето мислат дека очите треба да се прегледуваат само кога постојат проблеми со видот, но всушност треба да се практикуваат редовни очни прегледи, бидејќи дијабетесот на пример, на тој начин може се открие многу порано пред да почне да создава проблеми во телото “, вели офталмологот Енди Хепворт.
Во Велика Британија во тек е кампањата, “Jul-Eye”, која ги повикува луѓето да направат преглед на очите. Според докторите, постојат видливи промени во окото кои укажуваат на можност од некакво заболување:
Црвени очи – Висок притисок