Сите жени ги обожаваат здолништата, особено за време на летото.
Тие се женствени и задолжително треба да имате барем неколку во вашиот гардеробер. Ако се прашувате со какви чевли да ги искомбинирате, денеска ќе ви дадеме неколку практични совети според формата на облеката.
Долгото здолниште, одговара со сандали со ремчиња
Долгите здолништа се супер удобни, затоа препорачуваме да ги искомбинирате со ниски сандали со ременчиња или балетанки. Доколку се одлучите за ваков тип на сандали, ќе зрачите со бохо емитување, кое сигурно ќе остане забележано, а вие ќе уживате во практичноста.
Здолниште од типот молив и ниски чевли со врвки
Овој модел на здолниште е омилен меѓу бизнис дамите – вечно елегантен и никогаш здодевен.
Здолниште на преклоп и патики
Совршено решение за летните викенди кога поминувате долго време надвор. Исомбинирајте го спортското здолниште со патики во неутрална боја.
Мини здолниште и обувки на платформа
Со оваа комбинација ќе ги покажете нозете и ќе изгледате повисоки. Воедно, платформата е многу поудобна од високите потпетици.
Здолниште со средна должина и високи потпетици
Здолништата со средна должина се супер модерни оваа година. Тие се стилски и се погодни како за работа така и за излез со пријателите. За поженствена визија комбинирајте со сандали на високи потпетици.