Пролетта ни донесе многу свежи изненадувања, што се однесува до модните трендови кај обувките.
Сигурно се сеќавате колку актуелни беа пред неколку сезони патиките на високи платформи. Оваа сезона од сите излози ќе бидат прикажани нивните први братучеди – чевлите со бела платформа, кои иако изгледаат прилично груби на прв поглед, имаат и свои позитивни аргументи.
Овие модни парчиња како со магично стапче излегоа од 90-тите години, кога беа промовирани од Spice Girls, за да се сместат удобно во сите колекции пролет / лето 2015 на Chanel, Celine, Dior и други модни гиганти.
Според Симон Дунан, креативниот амбасадор за Barneys New York, исклучително е важно секој да поседува модел на чевли, со кој како жените, така и мажите, ќе се чувствуваат најсекси и повисоки.
Еве неколку предлози за носење со стил на овој тренд.
1. Со елегантен костум
Кој вели дека костимите задолжително треба да бидат придружувани од високи потпетици? Може да користите удобни чевли како акцент, бидејќи по продавниците веќе има секакви бои и дезени.
2. Со здолниште или фустан
Во потоплите месеци со истиот успех може да се обложите и на сандали со слична платформа.
3. Со фармерки со должина до глуждот
Се разбира, дури и да не сте меѓу обожавателките на овој модел фармерки, еден стандарден пар исто би завршил работа.
4. Со потпетици
Ако не можете да се откажете од омилените женски потпетици, но сакате да бидете во чекор со трендовите, тогаш дизајнерите имаат понуда и за вас, а при тоа да изгледате како хероина од некој филм на 90-тите.