Да празнуваме одговорно, повика премиерот Зоран Заев преку видео обраќање до граѓаните, по повод пречекот на Новата 2021 година.
„Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје“, додаде тој, потенцирајќи дека одговорното однесување на граѓаните ќе значи и почит и благодарност до целиот медицински и помошен персонал во болниците, потоа на припадниците на полицијата, на армијата, инспекциите и сите други ангажирани во борбата против ковид. Заев и лично им се заблагодари, при што ги нарече наши херои.
„Ако имаме здравје ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските“, додаде премиерот.
„Затоа ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје. Да ги почитуваме мерките – да ги поддржиме сите кои се на првата линија на борбата. Да празнуваме одговорно!“, додаде тој.