Облека и накит според хороскопскиот знак

Покрај според актуелните трендови, облеката може да ја комбинирате и според хороскопскиот знак. Близнаците сакаат спортски стил и треба да избегнуваат бисери, Лавовите носат фустани и накит од злато, а на Јарците тиркизната боја може да им донесе професионално напредување.

Овен

Многу сте прибирливи и имате големи очекувања кога е облеката во прашање. На вашиот темперамент му прилега црвена боја, а посмирено ќе изгледате во виолетова и во црна боја. Одлично ви стојат спортските парчиња, а исто така и вечерните фустани.
Накит: Дијамантите, цирконите, сафирите и рубините се иделни драги камења за овој хороскопски знаки. Ониксот, опалот и лаписот лазули најдобро ќе ве смират, особено кога сте во недоразбирање со авторитетите.

Бик

За вас важи правилото „малку, но пробано“. Во свилено кимоно под кое ќе носите само долна облека од тантела ќе зрачите со сиот ваш сексапил. Фустаните со цветен дезен и длабоко деколте, исто така, ќе ја истакнат вашата еротска сензуалност. Ваши бои се зелената, розовата и светлосината.
Накит: Прстените со смарагд и жад на домалиот прст ќе ви носат среќа, особено во љубовта. Кога сте тажни, разочарани или одмаздољубиви, носете сафир, амазонит, тиркиз или аквамарин.

Близнаци

Го сакате спортскиот стил, комотната облека, бермудите, сандалите, фармерките и лежерните сакоа. Од боите најдобро ви прилегаат сребреносивата, бледожолтата и земјените тонови. Кога ќе посакате да изгледате малку поавангардно, носете нападен накит и големи очила за сонце.
Накит: Носете жолт сафир ако сакате да изгледате помладо, а александрит и слоновата коска кога ќе сакате да делувате сериозно. Доколку имате љубовни проблеми, ќе ви помогне накитот со чилибар, топаз, опал, аметист и жад. Не носете бисери.

Рак

Најдобро ви прилега елегантната облека со класичен крој, а особено свилените фустани. Белата боја и сите нијанси на сина најдобро ќе ја истакнат вашата женственост, како и посветеноста на домот и семејството.
Накит: Вистинските избори за вас се аквамаринот, сафирот, бисерите и среброто. Месечевите камења, горските кристали и рубините ќе ви донесат пари и самодоверба, а бисерите треба да ги носите во вечерните пригоди.

Лав

Потребно е многу малку за да ги истакнете вашите најдобри атрибути. Вашата појава е доволно впечатлива, а најдобро се чувствувате во фустани. Сакате да бидете во центарот на вниманието, па затоа сакате нападна облека, со кабести детали во златна, црна, жолта и портокалова боја.
Накит: Златото е вашиот среќен метал, на помладите припадници на овој знак им прилегаат дијамантите и цирконите, а накитот што најмногу сакате да го носите се атрактивните обетки и ѓердани. Слоновата коска проткаена со злато ќе ви донесе моќ и харизма.

Девица

Секогаш бирате квалитетна облека и обувки од кожа, елегантни чанти и класични костими во стилот на Шанел, а многу го сакате и крзното. Луксузните материјали од свила и сатен на вашето тело најмногу доаѓаат од израз, особено ако се во темнозелена, теракота или боја на петролеј.
Накит: Зелените сафири, жадот, зелениот турмалин, аквамаринот и бисерите ви ја враќаат изгубената енергија, а ако имате финансиски грижи носете црн бисер или хематит. Жадот, опалот и жолтиот топаз позитивно ќе влијаат на вашиот нервен систем.

Терезија

Вашата облека мора да биде во „служба“ на вашата женствена страна, па затоа сакате отмена облека изработена од меки и луксузни материјали, што ја прати линијата на телото и чевли со високи потпетици. Најдобро ви прилегаат главно светлите бои како бела, жолта, розова, светлосина и светлозелена.
Накит: Светлозелениот или светлосиниот турмалин ќе ви донесе самодоверба на работното место, но и во љубовта. Сафирот, чилибарот, цирконите и дијамантите ќе ви помогнат да ја надминете емоционалната криза.

Скорпија

Кадифените фустани во црна или бордо боја со длабоко деколте, црната тантела и кожата се убедливо ваши парчиња облека. Во нив се чувствувате апсолутно скорпионски, свои и задоволни. Покрај црната, омилени ви се и другите темни бои како тегет, темнокафена, темноцрвена и темнозелена.
Накит: Црниот бисер, хематитот, темноцрвениот турмалин и црвениот топаз ќе го направат своето иако вас многу ретко ви недостига самодоверба. Рубинот и дијамантот ќе ви донесат пари, а кога ви треба опуштање носете бел опал, бисери и аквамарин.

Стрелец

Лежерните кроеви и модели, сафари-стилот, спортската облека во неутрални бои и хипи-изгледот се карактеристични за Стрелците. Сакате удобна облека со неформален крој а во секоја пригода се чувствувате добро во чанта со рачка преку рамената. Ги обожавате тиркизната, сината и бојата на песок.
Накит: Жолтиот сафир, слоновата коска, цирконите, жолтиот опат, смарагдот и тиркизот ќе ви донесат самодоверба и среќа на патувањето. Ве смируваат сафир, турмалин, перидот и жад.

Јарец

Сакате елегантни комплети особено со панталони, мали црни фустани, големи свилени шалови, како и кимона. Ваши бои се тегет, сребреносива, виолетова и крвавоцрвена.
Накит: Ониксот, тиркизот и гранатот добро влијаат на вас, а рубинот, малахитот и хематитот ќе ви помогнат во борбата против стрес. Тиркизот и црните бисери ќе ви донесат пари, а жадот, смарагдот и зелениот сафир позитивно влијаат на вашиот нервен систем.

Водолија

Вашите омилени парчиња облека се блејзерите и панталоните, а потоа и фармерките. Го сакате хипи-стилот со многу дрвени и метални модни додатоци, а од чевлите омилени ви се чизмите. Добро ќе се чувствувате во облека со сина, зелена, тиркизна и црна боја.
Накит: Драгите камења како аметист, тиркиз, аквамарин и бледосин турмалин ќе ве заштитат на работното место, а виолетовиот сафир ќе ви помогне во љубовта. Чилибарот и слоновата коска ќе ги смират вашите чувствителни нерви.

Риби

Кога бирате или купувате облека најважни ви се два критериуми, а тоа се удобноста и естетиката. Го сакате женствениот стил на облекување, свилени фустани, кадифените комплети како и убавите лакирани чевли. Ваши бои се сите нијанси на сина и виолетова, како и тиркизна.
Накит: Самодоверба ќе ви дадат белите бисери, аметистот и аквамаринот. Ако носите црни бисери и опал ќе се чувствувате моќно на работното место, а жадот, малахитот, аквамаринот и чилибарот може да ја намалат вашата лутина, особено ако е насочена кон партнерот.

- Реклама -