Облачно со повремени врнежи, од среда стабилно и суво време

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

0
Облачно со повремени врнежи, од среда стабилно и суво време
Фото: Нетпрес

Утринските температури се движат од 3 до 11, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опстегот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 14 степени.

Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количество дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно и суво време.