Случајно или не, руските пранкери Вован и Лексус токму денеска, на 7 дена до изборите, го објавија разговорот кој експремиерот Зоран Заев го имал со, како што мислел, климатската активистката Грета Тунберг и нејзиниот татко. Аферата беше откриена минатата есен, но разговорот не беше објавен.
Во снимката има пар интересни моменти, како на пример кога Грета предлага дека Македонија треба да ги затвори аеродромите за да го намали јаглеродниот отпечаток, а Заев вели дека тоа е добра идеја и дека имало доволно аеродроми во регионот:
Интегралниот текст од разговорот можете да го прочитате во продолжение:
Зоран Заев: Ало!
Грета Тунберг: Ало, тука е Грета.
Зоран Заев: Здраво Грета, Зоран Заев зборува, задоволство ми е што зборувам со тебе.
Грета Тунберг: Благодарам. Сум слушнала многу за вашата убава земја и мојот пријател г. Џорџ Сорос ми зборуваше многу за вас и вашата држава.
Зоран Заев: Благодарам многу. Сорос фондацијата е еден од најголемите поддржувачи на нашите институции овде, за да го зголемиме капацитетот, да ја зголемиме демократијата.
Грета Тунберг: Да, и ми кажа дека сте голем лидер посветен на земјата и дека ја водите кон иднината.
Зоран Заев: Фала Грета. Неодамна дури го сменивме и името, официјалното име на земјата, затоа што сакаме да градиме пријателство, да бидеме модерна земја и сега станавме Република Северна Македонија.
Грета Тунберг: Би сакала да дојдам и да направам протест за климатските промени во Скопје со младите и со вас.
Зоран Заев: Одлично, ќе ни биде голема чест да те имаме овде.
Грета Тунберг: Да, да, ќе дојдам затоа што сѐ уште има проблеми во Северна Македонија, вклучително со воздухот, загадувањето на водата, особено околу Скопје, и исчезнувањето на шумите.
Зоран Заев: Да, да.
Грета Тунберг: Макрон (францускиот претседател) е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, незнам што им има ветено.
Зоран Заев: Да, нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде поодговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не со таков вид на менување на позициите.
Грета Тунберг: Можам да замислам дека тие суми се големи пари за вашата држава и сум разочарана што Западот не ве поддржува и ве остави сам и мислам дека тоа е поради Трамп. Го мразам. Тој е непријател на заштитата на природата.
Зоран Заев: Тоа е, тие политичари имаат поврзаност меѓу нив и се водат од тоа, но на крајот од денот мораме да бидеме одговорни сите ние и да носиме тешки одлуки, позитивни одлуки и тоа е нешто во кое сите ние можеме да учествуваме за време на нашиот мандат, бидејќи е чест и голема одговорност да се носат големи политички одлуки и во тој правец, не се откажувај и продолжи да се бориш, ти нѐ мотивираш сите нас!
Грета Тунберг: Благодарам, би било одлично кога сите би мислеле како вас. На пример Трамп мисли само на себе, а не за неговата земја, не за демократијата во светот и затоа Трамп ве напушти, а можеше само да се јави на Макрон и да му каже дека треба да бидете во Европската Унија и работата ќе беше завршена.
Зоран Заев: Алекс ни помага многу со Сорос фондацијата, тие ќе продолжат да ни помагаат на принципиелен начин, нормално, но ќе мора да продолжиме да се бориме. Ти си една млада паметна дама и сакам да те охрабрам да ја продолжиш твојата борба затоа што си голема мотивација на целиот свет.
Таткото на Грета Тунберг: Ти исто така треба да се бориш. Имаш многу потешкотии и знам дека имаш избори на пролет и ние можеме да ти помогнеме околу ПР прашањата.
Грета Тунберг: Да, да тоа би било добро, сигурна сум дека си добар премиер.
Зоран Заев: Благодарам, Грета.
Таткото на Грета Тунберг: И ние ќе те поддржиме и ќе ти направиме добар маркетинг меѓу гласачите пред изборите.
Зоран Заев: Ќе направиме сѐ што е возможно затоа што искрено веруваме во тоа.
Грета Тунберг: Да, и можеби треба да започнеме со аеродромите. Знаете ли колку аеродроми имате во државата?
Зоран Заев: Што колку? Аеродроми?
Таткото на Грета Тунберг: Да.
Зоран Заев: Два. Имаме еден во нашиот главен град и друг во нашето познато туристичко место Охрид со нашето најстаро езеро заштитено од УНЕСКО.
Грета Тунберг: Мислам дека треба да затворите некој од аеродромите за да се намалат јаглеродните емисии.
Зоран Заев: Мхм, океј, тоа е исто така добра идеја. Да, зошто да не. Зошто да не. Секоја идеја е добро да се разработи, да се види имплематицијата и дали ќе има добри резултати од тоа. Имаме само два аеродрома, немаме повеќе, но ние сме мала земја. Овде во регионот имаме многу ародроми.
Таткото на Грета Тунберг: Хахаха, Грета доста, мигрантите така нема да можат да дојдат во Северна Македонија.
Зоран Заев: Да, хахаха. Но мора Грета да нѐ посети нас. Како ќе дојде Грета до нас?
Таткото на Грета Тунберг: Мислам дека тоа е поважно.
Зоран Заев: Да, се согласувам.
Грета Тунберг: Мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.
Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија, за хуманите аспекти на сите мигранти и она што се случува. Исто така овде минува една од најважните рути за миграцијата што се случува во нашите земји. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме понизок економски стандард од западниот дел на Европа. Но менаџираме заедно. Хуманиот аспект е многу важен, бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија, туку и од Авганистан и од некои афрички држави.
Грета Тунберг: Да, а на мигрантите им треба вдомување, референци да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.
Зоран Заев: Многу добро, многу добро, многу добро. Грета, одлично, голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.
Грета Тунберг: Патем, слушнав дека одгледувате марихуана. Мислам дека е многу здраво и еколошко и се надевам дека ќе му дозволите на татко ми да пуши кога ќе дојдеме.
Таткото на Грета: Да, знаете, ја сум голем фан на тие работи. Бевме во Калифорнија неодамна и така…
Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Верувам. Слушам и дека нашите млади луѓе ја започнале процедурата за либерализација за рекреативна употреба, но сѐ уште има дебата во државава. Треба да ги зголемиме капацитетите и да ги ставиме во употреба, затоа што има позитивни примери во Канада или некои други држави во САД. Но засега тука се одгледува само за медицински цели.
Грета: Да.
Зоран Заев: Знам, да се биде познат не е лесно, но Фондацијата Отворено општество и Џорџ Сорос се големи поддржувачи на вредностите и проектите кои даваат вредности во овој свет и тоа е многу корисно.
Таткото на Грета: Благодариме многу, премиере.
Зоран Заев: Благодарам, драги пријатели. Грета, благодарам многу.
Таткото на Грета: И не заборавај за аеродромите, хехе.
Зоран Заев: Хахаха.
Грета Тунберг: Мораме да летаме.
Зоран Заев: Секако. Грета, ми беше задоволство да разговараме и ти посакуваме многу успех.
Таткото на Грета: Ќе ти помогнеме со ПР-от.
Зоран Заев: Да, дојдете кај мене во Северна Македонија да ми помогнете. Благодарам многу. Ми беше чест да зборуваме, ви посакувам сѐ најдобро. Благодарам многу. Чао чао.