Баерн Минхен и Ајакс одиграа реми полно со настани во рамките на Лигата на шампионите – со дури 6 гола и 2 црвени картони.
Веројатно еден од најзапамтените моменти ќе остане извонредно опасниот фаул кој на Томас Милер му донесе заслужен директен црвен картон. Се работи за стартот на Милер врз бекот на Ајакс – Николас Таљафико, додека беше во скок, со крампонка директно во главата на противникот. Цела среќа е што Таљафико помина без сериозна повреда.
Реакции на социјалните мрежи имаше еден куп, а некои на шега, поради сличноста со актуелното, го предложија стартот на Милер за ново лого на Бундеслигата.
Breaking News:
Possible leak of Bundesliga logo for 2019. pic.twitter.com/8g3S0QuqJ2— 𝐦𝐚𝐦𝐞𝐭 (@yhellsbells) December 12, 2018