Обично не замислуваме вака стан во Њујорк

Може да имаш пари за голем стан во Њујорк, но жално е ако немаш вкус. Токму тоа им недостасува на сопствениците на овие 10 апартмани.

Ова се 10 од најлошо уредени  станови во Њујорк, според порталот Curbed.com:

Ваков зелен тепих би очекувале од некој хотел од блиското минато, но не и од стан во Upper East Side на Менхетн со цена 1,4 милиони долари.

Очигледно во Њујорк некогаш овие зелени теписи биле модерни. Куќа во Сохо, кој чини 5 милиони долари: 

Овој ужасно опремен стан се наоѓа во елитната зграда точно до Централ Парк, во која живееле многу познати личности. Цената е 7.3 милиони долари.

Ви се верува ли дека се дава се под наем за 4 500 долари месечно?

Изгледа како да  излегол од 20-те години на минатиот век. Овој стан се наоѓа во Лонг Ајленд и се дава под наем за 1 895 долари месечно.

 Станот чини 2 милиони долари и се продал во 2012 година, по само 11 дена на пазарот, па очигледно ние ништо не разбираме.

Овој стан се наоѓа во Менхетен и чини 849 000 долари. Очигледно сопственикот налетал на мрзлив брокер. Сите знаеме како фотографијата може да  продаде, но овој брокер не ја ни исцедил водата од бањата или барем да ја приберел тоалетната хартија.

Никој не би одбил имот за 14 милиони, но сепак има веројатност да ве заболат очите од толку многу раскош и екстраваганција. Кога ќе влезете тука ви се чини како собите да говорат  „Сопственикот ми е пеколно богат и сака целиот свет да знае тоа!”

Малку неонки во дневната соба? Само малку… Таа чини 2 милиони долари и се наоѓа во реонот Marine Park.

Уште еден сопственик, кој не сака да остави сомнеж дека има многу пари и малку вкус. Тој сака да се чувствува како крал, дури и кога се тушира. До кадата има дури и компјутер. Дворцот чини 15 милиони долари и остатокот од него е не помалку зашеметувачки.

- Реклама -