Обичаи во светот: Што жените не смеат да прават за време на менструација

Иако ова е нешто што и се случува на речиси секоја жена на светот, одредени вери и земји на оваа работа гледаат на исклучително чуден начин. Иако на младите девојки обично не им е пријатно да зборуваат на оваа тема, во земјиве сигурно им е уште потешко.

Организацијата „Femme international” објави мапа на држави во кои менструацијата во 21, век е табу тема.

Венецуела

Во руралните делови од Венецуела, жените се приморени да спијат во шатори за време на траењето на циклусот.

Гана

Во руралните области на Гана, на жените им е забрането да поминуваат време во иста куќа со мажот, како и да му готват, се додека имаат менструација.

Исламски земји

Според исламската традиција, жените кои што имаат менструација не смеат да се молат, да го допираат Куранот, ниту пак да постат.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Непал

Во далечни делови од Непал, на жените им е забрането да разговараат со било кој во текот на менструалниот циклус, а тој период го поминуваат во глинена куќа во шума, се додека менструацијата не заврши.

Кенија

Жените во „Masai“ племето не смеат да молзат крави, ниту да поминуваат подолго време во штала, за да не ги заразат животните. Исто така, за време на траењето на менструалниот циклус не смее да се јаде млечни производи.

Индија

Во Индија, жената која што има менструација, не смее да дојде во допир со крава.

Југоисточна Азија

Во многу заедници во Југоисточна Азија, жените кои што имаат менструација не смеат да користат вода од иста чешма како останатите, за да не се заразт.

- Реклама -