Овој празник (6 мај) е можност за разни пророштва, за оние кои што веруваат во вакви нешта.Под перницата на девојката се ставаат машки предмети од било кој маж, па така оној кој што ќе го сонува таа ќе биде нејзиниот иден сопруг, барем така велат народните предвидувања.
Раширен е и обичајот дека девојката треба сама да излупи убава, црвена јаболка, не оставајќи од кората на ниту едно место – тоа да го направи непосредно пред спиењето, во целосна тишина, без никој да разговара во тој момент, а кората да ја замота во марамче и да ја стави под перницата. Таа ноќ ќе го сонува оној со кој што ќе остане засекогаш. Во некои краеви девојката ја лупи јаболката по ред, додека не дојде до крајот од кората, во еден потег. Потоа во ноќта кората (налик лента) ја фрла преку рамениците. Се верува дека кората паѓа на тој начин што ја покажува првата буква од името, или некоја друга особина на мажот со кој што ќе се омажи.
Деновите околу Ѓурѓовден, според народните верувања, се погодни за спиење со љубовна амајлија.