Обединети нации: Рекордна концентрација на CO2 во атмосферата

Концентрацијата на јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата на Земјата достигна ново рекордно ниво. Неопходни се драстични акции за да може да се достигнат целите предвидени со климатскиот договор од Париз, соопштија Обединетите нации.

„Концентрацијата на CO2 во атмосферата порасна со рекордна брзина во 2016-та година. Глобалната просечна концентрација на CO2 достигна 403.3 молекули на милион честици (ppm) во 2016-та, што е пораст во однос на бројката од 400 ppm во 2015-та и е резултат на комбинација од човечка активност и силните ефекти на климатскиот феномен Ел Нињо“, соопшти Светската метеоролошка организација (WMO), која е една од специјализираните агенции на ОН.

Слична концентрација на јаглероден диоксид на планетата последен пат е регистрирана пред 3 до 5 милиони години, кога нивото на морето било 20 метри повисоко отколку сега, се наведува во билтенот „Гасови со ефект на стаклена градина“ на WMO.

Прочитајте и:  Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1.5 степени

„Без брзо намалување на јаглеродниот диоксид и другите стакленички гасови, ќе се најдеме на курс кон опасно зголемување на температурата до крајот на овој век, кое ќе биде значително поголемо од целите предвидени со Парискиот климатски договор“, се вели во соопштението на претседателот на WMO.

- Реклама -