Обама: Заканата за тероризмот е вистинска, но ќе ја надминеме

Американскиот претседател Барак Обама се обиде да ја смири нервозната американска јавност по терористичкиот напад минатата недела во Калифорнија, со обраќање предвидено да фрли светлина врз активностите на владата против растечката закана.

landscape-1429889065-obama
Обама изјави дека терористичките активности во Париз и Сан Бернардино биле инспирирани, но не извршени од “Исламска држава”.

“Терористичката закана влезе во нова фаза. Јас знам дека по толку многу војна, многу Американци се прашуваат дали сме се соочиле со “рак” за кој нема лек. Заканата од тероризмот е вистинска, но ние ќе ја надминеме “, изјави Обама.

Говорот на претседателот немаше за цел да најави нова стратегија или нова политика во борбата против терористичката закана во САД или во странство. Наместо таа беше насочен да ги информира Американците за тековните напори на претседателската администрација и да ги повика граѓаните на САД да не подлегнуваат на стравот.

Прочитај повеќе

- Реклама -